Македонија
5. February 2026 - 14:15

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 18.11.2025 на објава од медиум на социјална мрежа, пријавениот од негов профил напишал коментари со кои ширел омраза.