Кривична за бизнисменка од Кавадарци, затаила данок од над 800.000 евра
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,, Даночно затајување по член 279 став 3, Продолжено кривично дело по член 45 став 1 и став 2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Пријавената С. Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ, во периодот од 01.01.2013 година до 31.12.2018 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, набавувала трговска стока на отворен пазар од физички лица во готово, набавената трговска стока не ја евидентирала на залиха на ТД Руж Експорт, издала вкупно 2.785 излезни фактури и изјави за потекло на земјоделски производи со потпис и печат, извршила вкупно 2.785 извози на трговска стока во Р.Албанија, Р. Србија, Р. Црна Гора, Р.Косово и Русија преку 14 царински испостави во вкупен износ од 514.031.324 денари за кој износ не пресметала, не пријавила и не платила данок на добивка во износ од 50.854.180 денари на штета на Буџетот .
Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, пријавената С. Т. свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт поднела завршни сметки за 2013, 2014, 2015, и 2016 година до Централен Регистар и до УЈП со невистинита содржина.
Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, целокупната книговодствена документација од работењето на ТД Руж Експорт ДООЕЛ свесно и со намера е уништена од страна пријавената С. Т.
Пријавената С.Т. со умисла извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности, односно извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат остварување на истородни дела.
Пријавената С. Т. свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт, а со цел да ги прикрие трагите на стореното кривично дело во име и за сметка на ТД Руж Експорт ДООЕЛ не поднела завршни сметки за 2017, 2018 и 2019 година до Централен Регистар и до УЈП и од 27.02.2020 година има статус на ИЗБРИШАН СУБЈЕКТ врз основа на чл.552-а и 552 –б од ЗТД.
Со горенаведените инкриминирани дејствија пријавената С. Т. преку правниот субјект: „РУЖ ЕКСПОРТ“ се стекнала со противправна имотна корист од затаени парични средства на име данок на добивка во вкупен износ 50.854.180 денари,за кој износго оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј