Македонија
3. July 2025 - 11:56

18-годишник и малолетник силувале две малолетни сестри и ги снимале со телефон во Тетово

На 02.07.2025 во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово дека во неколку наврати извршиле обљуба врз неговите две малолетни ќерки, а притоа и снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.