Македонија
15. July 2025 - 12:39

Кривична за дебранец за недозволено изработување и трговија со оружје и муниција

Дебарското одделение за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против жител на Дебар, за недозволено изработување и тргување со оружје и муниција.

-Кривична пријава е поднесена против С.Т.(39) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Додава дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Дебар пронашле и одзеле пиштол „Пиетро Берета“ со калибар 7,65 милиметри и 66 куршуми, кои нелегално ги поседувал.

Полициските службеници претрес во неговиот дом, по судска наредба, извршија на 30 април, кога беше лишен од слобода.