Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична против А.С. и Л.Т.М..
Пријавените, во време на извршување на делото во периодот од 08.07.2020 до 06.12.2021, на работно место полициски службеници во Отсек за општ криминалитет при СВР Велес несовесно постапувале со предметите кои им биле доверени во вршењето на своите овластувања.
Имено, по вкупно 14 предмети за сторени кривични дела „кражба“, и „тешка кражба“, пријавените не постапиле навремено, не преземале дејствија во однос на реализација и откривање на сторителите и не го известиле надлежното јавно обвинителство, со што дозволиле делата апсолутно да застарат за гонење, согласно член 107 „застареност на кривично гонење“ од КЗ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
