Кривична за двајца струмичани, едниот возел украден мотор, другиот на велосипед „превезувал“ железна биста
Полицијата ќе поднесе кривични пријави против двајца струмичани - едниот возел укараден мотор, другиот на велосипед „превезувал“ железна биста, соопштија денеска од СВР Струмица.
Имено, според соопштението, вчера во 08:15 часот во Валандово, полициски службеници го уапасиле А.Х.(31) од Струмица. Тој бил запрен додека управувал мотор „томос“ без регистарски ознаки, кој претходно бил пријавен за одземен од подрачје на ОВР Неготино. Од А.Х. бил одземен мопедот и за настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.
Вчера во 18:45 часот, исто така во Валандово, полицајците го уапсиле Ј.В.(41) од Струмица. Тој бил затекнат како на велосипед превезува железна биста. Велосипедот и бистата биле одземени од Ј.В. За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чии насоки се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување.
И против двете лица по документирање на случаите полицијата ќе поднесе соодветни кривични пријави.
МИА
Ново на Сител
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк