Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановецот Р.А.(45) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“.
Како што информираат од МВР, пријавениот, како вработен во Министерство за финансии - Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, овозможил донесување и спроведување на решенија за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на Д.Б. и Н.А.А., при што со своето постапување директно ја нарушил законитоста на управната постапка и овозможил стекнување на државен имот без правен основ.
Во предметите е утврдена недозволена промена на идентитетот на подносителите, односно решенијата се издадени на лица различни од заведени во службените книги. Воедно, предметите не биле правилно евидентирани, содржеле контрадикторни податоци, а дел од документацијата не била достапна со што се создава сомнение за нејзино прикривање или уништување. Во решенијата се наведени непостоечки записници, внесувани се невистинити податоци, а не е известено ниту државното правобранителство, што е задолжително.
Притоа, со ваквото постапување е нарушена законитоста на управната постапка и овозможено е противправно стекнување на државен имот.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
