Македонија
11. March 2026 - 9:24

Кривична за лице од скопско за криумчарење мигранти, пронајдени 10 лица мигранти од Египет

На 10.03.2026 околу 06:00 часот во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај  Неготино го лишија од слобода Р.М.(24) од с.Студеничани, скопско.

Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање, но тој не застанал и по преземени мерки  возилото е присилно запрено. Подоцна, по пребарување на теренот, пронајдени се 10 лица мигранти од  Египет. 

Mигрантите се сместени во Прифатно - транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Додека, против возачот Р.М. е поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“ и од судија на претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.