Новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, но е во добра здравствена состојба

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „жив и во добра здравствена состојба“, и покрај раните здобиени во воените дејства, изјави денеска Јусеф Пезешкијан, советник во Владата и син на иранскиот претседател.
„Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е жив и здрав“, напиша Пезешкијан на платформата Телеграм.
Иранската државна телевизија го опиша Хамнеи како „ранет ветеран од рамазанската војна“, но не прецизираше какви повреди претрпел, пренесува „Гардијан“.
Претходно се шпекулираше за неговата здравствена состојба и местото каде се наоѓа, бидејќи Моџтаба Хамнеи не се појавува во јавноста откако пред три дена го наследи својот покоен татко, ајатолахот Али Хамнеи, на функцијата врховен лидер.
„Њујорк тајмс“ објави дека Моџтаба Хамнеи бил ранет на првиот ден од американските и израелските напади врз Иран, повикувајќи се на тројца ирански и двајца израелски функционери кои сакале да останат анонимни.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март
-

Илјадници писатели објавија „празна“ книга во знак на протест против вештачката интелигенција
-

При пожар во куќа пронајдено починато лице
-

Уапсен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал
-

Лука Дончиќ ја потврди разделбата од Анамарија Голтес: Се борам за старателство над ќерките
-

Тајна шахта за кражба на струја откриена во Тетово – Фитнес, спа и ресторан нелегално приклучени
-

За 10 дена 6.264 казни во сообраќајот: 151 лице лишено од слобода, одземени 53 возила
-

Новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, но е во добра здравствена состојба
