Преглед на вестите од светот
Американските сили погодија 10 ирански бродови кои се обидуваа да постават поморски мини, информираше претседателот на САД Доналд Трамп на социјалните мрежи. Тој, исто така, ја смени својата претходна објава за иранските напори за поставување мини во Ормускиот теснец, додавајќи два реда во кои ветува дека ќе ги уништи бродовите „насилно“.
Трамп претходно му се закани на Техеран со „досега невидени последици“ по медиумските извештаи дека Иран поставил мини во Ормускиот Теснец.
Инаку повикувајќи се на два извори, Си-Ен-Ен јави дека Иран почнал да поставува мини во Ормускиот теснец, најважното енергетско тесно грло во светот низ кое минува околу една петтина од вкупната светска трговија со сурова нафта.
Иранското Министерство за надворешни работи побара безбедносни гаранции во случај на евентуален прекин на огнот со САД и Израел, јави ДПА.
„Ако треба да се воспостави прекин на огнот или да заврши војната, мора да постои гаранција дека агресивните дејства против Иран нема да се повторат“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади, цитиран од весникот „Шарг“. Тој предупреди дека без такви гаранции прекинот на огнот би бил бесмислен.
„Исламската Република Иран не беше иницијатор на војната и агресијата“, изјави Гарибабади.
Тој нагласи дека иранските ракетни напади биле извршени во согласност со член 51 од Повелбата на Обединетите нации, односно како „легитимна самоодбрана“.
Според него, во последните денови неколку земји презеле посреднички напори за деескалација на конфликтот. Меѓу нив се Кина, Русија, Франција, како и неколку „регионални држави“, додаде Гарибабади
Неколку лица загинаа во украински ракетен напад врз рускиот град Брјанск, соопштија руските власти. Шест цивили загинаа, а 37 други се повредени во нападот. Тој ја обвини Украина за тероризам. Брјанск се наоѓа на помалку од 100 километри од украинската граница. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот бил оправдан и дека била погодена клучна руска воена фабрика во Брјанск.
Во рускиот напад врз градот Славјанск на источната линија на фронтот во Украина загинаа четири лица, а 16 други беа повредени. Русија фрлила три наведувани бомби врз градот и дека меѓу ранетите е и едно 14-годишно девојче. Градот Славјанск, кој се наоѓа во регионот Донецк, е дел од територијата од која Русија бара Украина да ги повлече своите сили.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
