Кривична за полициски службеник: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО ГОКК против полицискиот службеник Д.М. од СВР Тетово поднесе кривична пријава за кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ. Пријавениот во текот на јуни 2019 година, постапувајќи по барање од адвокат од Тетово, изготвил службен спис за достапност на лице со невистинита содржина, без притоа да се извршат проверки за достапност на лицето на терен.
На така изготвениот спис со невистинита содржина, со цел да го озваничи, го злоупотребил потписот на раководителот, вметнал несоодветен деловоднички број, го заверил со службен печат и така изготвен го предал на рака на адвокатот од Тетово, спротивно на утврдените процедури за канцелариско и архивско работење.
Списот бил употребен во судска постапка при Основен суд Тетово каде бил евидентиран како доказ на штета на лице од Тетово.
Ново на Сител
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
