-->
-->
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-->

На регионалниот пат Крушево-Прилеп, ноќеска во 23.57 часот на место викано „Врбоечко патче“, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево го лишиле од слобода Р.К.(33) од Крушево.
Како што соопшти МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,81 промили алкохол во организмот, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
