Кучињата кои до смрт искасаа дете немаат беснило и не се агресивни, Обвинителството е на потег
Кучињата кои до смрт изгризаа 8 годишно дете во Пинтија, немаат беснило. По речиси еден месец опсервација, од агенцијата утврдиле дека кучињата од расата англиски бул мастиф не се агресивни. Тие го поминале тестот за социјализација но ќе останат во изолација се додека се води истрагата за случајот.
Јавнообвинителска одлука се уште нема, од скопското обвинителство за Сител велат ги чекаат резултатите од извршената обдукција и од АХВ. Трагедијата се случи на 12 април, а според првичните неофицијални информации детето влегло во соседниот двор каде биле кучињата. Како дошло до инцидентот се уште се истражува, а според тогашните сведоштва, кучињата не му биле непознати на момчето, кое и претходно се играло со нив. 8г дете се здобило со тешки повреди и обилно крварење откако било давено за вратот.
Во меѓувреме, се работи на измени во законот за одгледување и чување на овие домашни миленици. Директорот вели по носењето на измените ќе се промени и состојбата на улиците каде се повеќе се појавуваат глутници кучиња.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
