„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
Бугарското Министерство за правда соопшти дека во голема полициска операција 75 стари лица биле евакуирани од два нелегални центра за нега во селото Јагода во источна Бугарија, поради екстремно лошите услови во кои биле чувани.
„Некои од нив имале врзани нозе и биле под дејство на седативи. Биле заклучени во соби без чаршафи на креветите, а рачките на прозорците биле отстранети, изолирајќи ги целосно од надворешниот свет“, се наведува во соопштението.
Жителите, на возраст од 51 до повеќе од 85 години, биле сместени во поранешни центри за нега кои сопствениците ги претвориле во „соби за изнајмување“ по цена од околу 440 до 450 евра месечно, избегнувајќи ги проверките на социјалните и здравствените служби.
Локалното обвинителство отвори истрага за „незаконско притворање, насилство и занемарување“. Еден очевидец изјавил дека жена не го напуштила објектот четири години. Друг сведочел дека маж кој се обидел да побегне бил претепан и оставен без свест.
Петмина осомничени се уапсени и притворени. Осумнаесет лица се хоспитализирани, од кои две се во тешка состојба.
Министерот за правда, Георги Георгиев, ги нарече овие места „куќи на ужасот“.
Бугарија, како најсиромашна членка на ЕУ, е често критикувана за лошата состојба на здравствените установи, особено психијатриските, а недостигот на јавни институции за нега на стари лица доведе до наплив на нелегални домови.
Во 2021 година, девет лица загинаа во пожар во дом за пензионери во близина на Варна, а уште четворица настрадаа во сличен инцидент во 2022.
Ново на Сител
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства
-
Поголемо внимание и прилагодена брзина на патиштата за безбедност во летната сезона