Драматична сликата на Преспанското Езеро
Драматична е слика на брегот од Преспанското Езеро, каде водата на места е повлечена стотици метри во должина, езерото е плитко, а делови од крајбрежјето се претворени во калливи мочуришта, обраснато со вегетација.
Најновите мерења покажуваат алармантна состојба – нивото на езерото е намалено за 55 сантиметри во споредба со минатата година.
Доколку државите Македонија, Албанија и Грција заеднички не се обединат и не реагираат веднаш езерото би можело да стане уште една жртва на климатската катастрофа.
Преспанското, второто по големина природно езеро во Македонија се соочува со егзистенцијална криза. Според експертите научниците предупредуваат дека ова е најлошата ситуација досега, така што доколку не се преземат сериозни мерки, езерото може целосно да исчезне.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар