Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал

Одбранбениот фудбалер Калиду Кулибали како историска ја опиша победата на репрезентацијата на Сенегал синоќа во пријателскиот натпревар со Англија.
Средбата во Нотингем заврши со 3:1 за африканската селекција.
- Беше прекрасна вечер! Знаевме дека сме способни да постигнеме успех на овој натпревар. Не сме навикнати на историски моменти, но ова веќе се случи на финалето на Африканскиот куп на нации во 2021 година, а денес го направивме тоа повторно. Посветени сме да го продолжиме развојот на Сенегал и да покажеме дека сме достојна нација, изјави Кулибали за „Би-би-си“.
Репрезентацијата на Сенегал стана првата африканска репрезентација во историјата што ја победила Англија.
Претходно, во натпреварите со африканските репрезентации, репрезентацијата на Англија победи 15 пати, а шест пати ремизираше.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
