Курти телефонски разговарал со Блинкен за преговорите со Србија
Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека синоќа разговарал со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Антони Блинкен, кого го информирал за актуелните состојби во Косово, со акцент на текот на преговорите за решавање на спорните прашања со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
На неговата официјална страница на Твитер, Курти напиша дека со Блинкен разговарал „за потребата од интензивирање на дијалогот“ меѓу Приштина и Белград, до постигнување конечен договор меѓу двете страни.
– Имав мошне добар телефонски разговор со државноот секретар Блинкен. Го информирав за постојаниот прогрес на Косово. Зборувавме за односите меѓу Косово и Србија и за потребата од интензивирање на дијалогот во правец на еден законски обврзувачки договор, во чиј центар би било меѓусебното признавање, напиша Курти.
Ново на Сител
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија