Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави по вечерашниот пораз од Данска (24-36) на отворањето на Европското првенство, дека клучните дуели во групата Б допрва претстојат против Португалија и Романија.
„Честитки до Данците за победата. Ние во грч го отворивме натпреварот. Се подготвуваме да ја изненадиме Данска, но тоа се покажа дека е исклучително тешко против репрезентација која за мене е главен фаворит на ова Европско првенство. Ќе го анализираме вечерашниот натпревар, но секако нашиот таргет се Португалија и Романија‘, изјави Кузмановски.
Македонката репрезентација в недела ќе игра против Португалија, а два дена подоцна против Романија.
„Мислам дека ќе бидеме поопуштени против овие две репрезентации, и дека полесно ќе влеземе во натпреварот. Треба да влеземе без респект, да веруваме повеќе во себе и верувам дека ќе бидеме подобри отколку на овој натпревар. На подготовките добро ги анализиравме сите три репрезентации. Знаеме од каде доаѓа нивната опасност. Данска беше добар тест за тоа што нè очекува против Португалија. Треба да одговориме на нивната брза контра и да се надеваме на добар резултат“, додаде Кузмановски.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО-ГОКК: Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
