ЛА Лејкерс го продолжи договорот со тренерот Редик
НБА лигашот Лос Анџелес Лејкерс објави продолжување на договорот со тренерот Џеј Џеј Редик, пред стартот на новата сезона, која започнува со претсезонските натпревари на 4 октомври.
ЛА Лејкерс не објави детали во врска со продолжувањето на соработката со 41-годишниот тренер.
„Веруваме дека тој е одличен тренер, тренер со силен глас и кој навистина ни помага да ја продолжиме културата на извонредност на Лејкерс“, рече претседателот на франшизата за кошаркарски операции, Роб Пелинка, на прес-конференција во Лос Анџелес.
Редик му се приклучи на Лејкерс во 2024 година, потпишувајќи четиригодишен договор во вредност од 432 милиони долари.
Во својата прва година, Редик го предводеше Лејкерс до третото место во Западната конференција, но, тимот беше елиминиран во првото коло од плејофот од Минесота и покрај тоа што на средина од сезоната ги засили своите редови со Лука Дончиќ, а Леброн Џејмс беше во одлична форма.
МИА
Ново на Сител
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители