Кошарка
6. November 2026 - 10:33

Лангстон Лав трето американско засилување на ГКК Штип

Македонскиот кошаркарски суперлигаш ГКК Штип ги засили денеска своите редови со Американецот Лангстон Лав.

По Џеј Пал и Даниел Хенкинс-Санфорд, нивниот сонародник Лав е третото американско засилување на ГКК Штип оваа сезона!

Американскиот бек од Тексас во Штип носи искуство од НЦАА лигата, каде настапуваше за Бејлор и Џорџтаун.

Во сезоната 2023/24, иако сите натпревари ги започна од клупата, во дресот на Бејлор имаше просек од 11 поени по натпревар.