Лавров го пофали Трамп, ги критикува Европејците за нивниот пристап кон решавањето на украинскиот конфликт

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека за време на руско-американскиот самит во Алјаска станало јасно дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим искрено сакаат да постигнат долгорочен и траен мир во Украина.
Рускиот врвен дипломат рече дека атмосферата на средбата Трамп-Путин била добра.
- Таму (во Алјаска) имаше добра атмосфера. И тоа се одрази во изјавите што ги дадоа претседателите Путин и Трамп по разговорите. Дефинитивно беше корисен разговор. Беше јасно дека американскиот шеф на држава и неговиот тим искрено сакаат да постигнат резултат кој ќе биде долгорочен, траен и сигурен, рече Лавров.
Тој направи паралела помеѓу, според неговите зборови, конструктивната позиција на Соединетите Американски Држави и онаа на Европа, чии најистакнати лидери учествуваа на вчерашната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и Трамп во Белата куќа.
- Ставот на САД се разликува од оној на Европејците, кои во тој момент на секој агол изјавуваа дека е потребно само прекин на огнот, а потоа ќе продолжат да снабдуваат оружје за Украина, додаде Лавров.
„Претседателот Трамп и неговиот тим, особено по состанокот во Алјаска, почнаа многу подлабоко да навлегуваат во решавањето на оваа криза, разбирајќи дека нејзините корени мора да се елиминираат – нешто што претседателот Путин постојано го повторува“, додаде министерот.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски и европските лидери кај Трамп
-

АРМ слави 33 години постоење
-

ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-

Преглед на вестите од светот
-

ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-

Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
