Македонија
17. August 2025 - 21:02

ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа

ДИК донесе одлука независните кандидати кои сакаат да станат дел од изборниот процес, како предлог на група граѓани, со најмалку 2 потписи стануваат дел од процесот. Доколку собираат потписи пред нотар потребна е заверка, а ако потписи од собираат во подрачните едини не треба заверување.

Рокот за собирање почнува од утре и трае 15 дена.

Ваквиот предлог дојде од членот на ДИК, Даштевски според кого , ова е пропишано во чл.63 од ИЗ кој се уште е на сила и не треба ДИК да носи одлуки надвор од закон. Кондарко остана на ставот дека чл.60 дава право независните да се кандидираат без потписи, сепак даде поддшрка бидејќи чл.63 е на сила.

За Дитмире Шеху , ваквото упатство не е потребно, бидејќи ДИК веќе го укина правилникот со кој се предвидуваше собирање потписи, а сега се става во сила упатство повторно со потписи.