Македонија
17. August 2025 - 16:33

Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не

Независни за Карпош на локални ќе настапат без да собираат потписи и да формираат партија. Ваква одлука донесоа активистите од оваа група по вчерашните случувања во парламентот. Според нив обидите да се донесат измени на законот биле избрзани и остануваат на ставот дека на граѓаните не смее да им се ускрати правото на независни листи.

Габриела Илиевска од иницијативата Поинаку оцени дека во парламентот и вчера се случил нов циркус со нечесни намери. Без разлика какво и да биде упатството кое се уште се чека од ДИК, ќе учествуваат на локалните избори.

Од иницијативата Зелен хуман град не сакаат да ризикуваат со каква било бирократска манипулација да им се ограничи можноста да се борат за подобри услови во главниот град. Веќе се на половина пат до формирање на партија за која собираат граѓански потписи.

Од ДИК беа на став дека сите граѓани имаат еднакво право да бидат избрани и дека по одлуката на Уставниот суд, квотите за потписи веќе не важат.