Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.
„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече тој синоќа.
„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.
Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .
Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.
Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.
Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.
Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.
„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
