Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека на состанокот со американскиот државен секретар Марко Рубио во Малезија повторно ја изложил руската позиција за решавање на конфликтот во Украина, врз основа на ставовите претходно изнесени од претседателот Владимир Путин.
– Разговаравме за Украина. Го потврдивме ставот што го изнесе претседателот Путин, вклучително и на 3 јули во разговорот со претседателот (Доналд) Трамп, изјави Лавров на прес-конференција по регионалниот форум на АСЕАН.
Лавров наведе дека му предал на Рубио делови од изјави на украински претставници, меѓу кои и претседателот Володимир Зеленски, што, според него, повикуваат на „уништување на Русите“.
– Му предадов извадоци од изјави на Зеленски, Шмигал, Јермак и Подољак, каде директно зборуваат за потребата да се „уништат Русите“. Правно, а уште подобро – физички, рече Лавров.
Тој оцени дека Украина сака да ги потисне правата на руското и рускојазичното население и да ги елиминира сите кои не се согласуваат со, како што рече, киевскиот режим.
Две средби се одржаа меѓу Лавров и Рубио на маргините на состаноците на министрите за надворешни работи во рамки на Источноазискиот самит и безбедносниот форум на АСЕАН.
Рубио изјави дека разговарал со Лавров за нов пристап во мировните преговори за Украина.
– Мислам дека ова е нов и поинаков пристап. Не би рекол дека гарантира мир, но тоа е концепт што ќе му го изложам на претседателот, рече Рубио во Куала Лумпур.
Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп е „разочаран и фрустриран од недостигот на флексибилност од руската страна“ за прекин на конфликтот.
Руското МНР соопшти дека двајцата дипломати разговарале и за нормализација на дипломатските мисии, како и за ситуации во Иран, Сирија и билатералните односи.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница