-->
-->
Лавров: Русија ќе ги прекине непријателствата кога ќе го добие она што го сака во преговорите
-->

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе престане да се бори во Украина само кога ќе го добие она што го сака од преговорите за ставање крај на конфликтот што рускиот и американскиот претседател сакаат да го иницираат.
-Ќе ги прекинеме непријателствата само кога овие преговори ќе доведат до солиден и траен резултат што ќе и одговара на Руската Федерација, изјави Лавров за време на посетата на Анкара.
Москва бара де факто предавање на украинската армија, бара Киев да отстапи пет региони кои се целосно или делумно окупирани, како и откажување на Киев од влезот во НАТО и воспоставување нови власти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
