Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров даде првична оценка за настапот на „црвено-жолтите“ во првата фаза на 29. Светско првенство.
-Треба да сме задоволни. Со пласманот во Главната фаза ја исполнивме првичната цел. Можевме многу подобро вечерва, но најважно е што победивме. Драгоцено е и искуството што го стекнуваат младите. Имавме 20-ина промашени удари од кои многу зицери. Со поквалитетен противник не смееме да си дозволиме таков луксуз. Добро е што ги поштедивме Митревски, Пешевски, Митев. Допрва ни доаѓаат тешки борби, ни треба енергија. Одиме да се одмориме и да се подготвуваме за Австрија во вторник. Благодарност за големата поддршка од македонските навивачи кои се овде, но и од цела Македонија – истакна Лазаров.
Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.
Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, со голема веројатност против Австрија.
Ново на Сител
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
