Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, не е премногу разочаран од вчерашниот пораз на првиот тест-натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство 2026.
Македонските ракометари загубија во Пореч од Хрватска со 23:26.
– Промашивме пет пенали, три на почетокот, а така не може ништо да се направи. Имаме многу проблеми, имаме многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин, да се обидеме со некои нови сили. Ни недостасуваше Лазаревски, но добро… Продолжуваме овде до 30 декември, потоа одиме во Швајцарија на турнир, а потоа на Европското првенство. Нема да биде лесно, нашите очекувања се секогаш високи, ако победевме и денеска ќе беа уште поголеми, но ќе се бориме, изјави Лазаров за „Спортске новости“.
На ЕП 2026 „Црвено-жолтите“ се во група со Данска, Португалија и Романија.
МИА
Ново на Сител
-

Со 21 милион евра заем од ЕБОР државата ќе купува пет електрични локомотиви
-

Мирослав Илиевски од Крива Паланка е добитник на автомобил од наградната игра на „Рамстор”
-

Пред празничниот период грипот почна да зема замав
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лицемерен
-

2025-та поразителна за текстилната индустрија
-

Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
-

Преглед на вестите од светот
