Македонија
23. April 2026 - 12:29

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат

Повторно се одложи почетокот на судењето за Харис Качапор кој е обвинет дека во ноември лани на пешачки го прегази 78 годишниот Јорго Ќука.

На почетокот на месецов, кога за првпат обвинетиот седна на обвинителната клупа, адвокатот побара време за увид во електронските докази, но завчера одлучил повеќе да не го брани Качапор, па тој денеска се појави со друг адвокат.

Новиот бранител пред судот рече дека немал време да се запознае со предметот па судењето се одложи за 14 мај. Обвинителството и адвокатот на семејството, велат промената на адвокат е законски дозволено, но кај нив постоел сомнеж дека Качапор намерно го одолговлекува судењето.