Лекарите предупредуваат: Внимавајте со храната, особено оние кои постеле!
Од покачен крвен притисок, мачнина, воспаление на панкреасот до ризик од срцев удар, прејадувањето може да предизвика сериозни здравствени проблеми предупредуваат лекарите. На исхраната за велигденските празници посебно да внимаваат граѓаните кои долго постеле и хронично болните лица.
- Не треба враќањето кон нормалната исхрана да биде драматично за да не се преоптовари организмот , изјави д-р Игор Спироски, Институт за јавно здравје.
Синоќешното дежурство во скопската Брза помош поминало релативно мирно, без посериозни интервенции.
- Би ги издвоил интервенциите на 5 –те сообраќајки кои за среќа поминаа без жртви, изјави д-р Василаки Карабашев, шеф на смена во Брза помош.
За подобрување на здравјето лекарите советуваат празничните денови да се искористат за прошетки во природа.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
