Ли: Кина и САД мора да пронајдат вистински начин за соработка во новата ера
Кинескиот премиер Ли Чијанг изјави дека Кина и САД, гледајќи кон иднината, мора да го пронајдат вистинскиот начин да се согласуваат во новата ера, објави денеска Кинеската медиумска група (China Media Group).
Ли ова го изјави синоќа за време на состанокот со пријателски организации во САД, вклучувајќи ги претставниците на Бизнис советот на САД и Кина, Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина, Американската стопанска комора и Советот за надворешни односи, како и научници и бизнис лидери, на маргините на општата дебата на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.
- Односите меѓу Кина и САД се најважните билатерални односи во светот, рече Ли, додавајќи дека двете земји можат и треба да бидат партнери и пријатели.
Тој рече дека пријателската размена меѓу Кина и САД се главна тема и општ тренд, и го цитираше кинескиот претседател Си Џинпинг кој рече дека „огромниот Тихи Океан е доволно широк за да ги опфати и Кина и САД, како и другите земји“.
- Како две главни земји во светот, Кина и САД треба да се почитуваат меѓусебно, да коегзистираат во мир, да се стремат кон меѓусебно корисна соработка и да постигнат меѓусебен просперитет преку меѓусебен успех. Економските и трговските односи се важна компонента на билатералните врски, заклучи Ли.
МИА
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со САД
-
АВМУ не додели платена реклама за Левица и ЗНАМ, Апасиев со претставка до Уставен
-
ДИК го затвори избирачкиот список – 1 832 415 избирачи имаат право на глас
-
Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК