Македонија
9. јуни 2025 - 13:30

Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени

Лицата со телесен инвалидитет преку креативни работилници и спортски активност испраќаат порака дека треба да бидат видени во државата. Иако на почетокот соочени со болеста која ги лишила од многу работи и ги врзала за колички не бил лесен, сепак прифаќаат дека животот продолжува и не застанува тука, се борат и функционираат во општеството.

Дружењата меѓу себе ги прават посилни и се од големо значење за размена на искуства, а имаат за цел да им помогнат на  лицата со попреченост да излегуваат од домовите, да се забавуваат, едуцираат и социјализираат.

Инаку Мобилност Скопје има 2700 члена со телесен инвалидитет