Лига Европа: Убедливи победи на Милан и Баер

Во второто коло во фудбалската Лига на Европа, Милан го победи вечерва Салцбург со 4-0 на гостински терен, забележувајќи ја својата прва победа откако загуби со 0-2 од Бенфика во првото коло на „Сан Сиро“.
Херој на натпреварот беше 19-годишниот играч од средниот ред Сисе, кој постигна хет-трик (15, 32, 49), а точка на победата стави Рамос во 72 минута.
Баер Леверкузен, исто така, беше убедлив, совладувајќи го Лех Познањ со идентичен резултат.
Стрелци за германскиот клуб беа Патрик Шик (29, п, 41,п), Малик Тилман (32) и Ибрахим Маза (88).
Лион го победи Кристал Палас со 3-2 со головите на Корентин Толисо (8), Ернест Нуама (45+2) и Павел Шулц (76), а за гостите прецизни беа Џереми Пино (50) и Даичи Камада (81).
АЗ Алкмар го победи Хапоел Бер Шева со 2-1, додека Омонија Никозија славеше во Целје со 3-0.
МИА
Ново на Сител
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
