Ликот на Ерлинг Халанд осамна на 469 килограми кокаин вреден 20 милиони долари

Полицијата во Еквадор заплени 469 килограми кокаин, а посебно внимание привлече необичната „ознака“ на дрогата – на пакетите биле залепени фотографии со ликот на норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд.
Според Асошиејтед прес, дрогата била откриена во камион во близина на границата со Колумбија, откако полицијата добила дојава. При проверката, во специјално направен скриен простор во возилото биле пронајдени 370 пакети со вкупно 469 килограми кокаин.

На пакетите имало налепници со името и ликот на Халанд. Според АП, трговците со дрога и претходно користеле фотографии и симболи на познати личности како ознаки на пратките.
Во акцијата биле приведени возачот на камионот и жена со колумбиски документи. Запленетиот кокаин се проценува дека би достигнал вредност од речиси 20 милиони долари во Европа.
Еквадор е една од важните транзитни точки за кокаинот произведен во соседните Колумбија и Перу. Само во првата половина од 2026 година, еквадорската полиција запленила околу 80 тони дрога.
Ново на Сител
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
