Литванија стравува од можни руски напади врз клучна инфраструктура

Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, изјави дека разузнавачките служби располагаат со информации за планови на Русија за напади врз клучна инфраструктура, поради што властите превентивно ќе ја засилат безбедноста на енергетските и транспортните објекти.
Науседа нагласи дека нема информации кога и каде би можеле да бидат извршени нападите, ниту дека Литванија е директна цел.
„Имаме такви сигнали добиени од нашите разузнавачки служби. Тие не го наведуваат местото ниту времето, бидејќи противникот се уште не го завршил планирањето. Знаеме само за план и цели“, изјави литванскиот претседател.
Тој додаде дека можните активности би можеле да вклучуваат различни методи насочени кон физичко оштетување на критична инфраструктура и нарушување на нејзиното функционирање.
Литванија, членка на НАТО што граничи со руската ексклава Калининград и Белорусија, значително ги зголеми издвојувањата за одбрана по руската инвазија врз Украина во 2022 година.
Полска претходно овој месец соопшти за загриженост кај западните разузнавачки служби поради можноста за руски напади врз нејзина и територија на балтичките држави.
Москва редовно ги отфрла обвинувањата дека планира или изведува саботажи и други напади надвор од Украина, оценувајќи ги таквите тврдења како дел од антируска пропаганда.
МИА
Ново на Сител
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
