Македонија
7. December 2021 - 16:29

Локалните бизнисмени за Мицкоски се херои, во Штип ќе се формира Локален економски совет

Опозицискиот лидер Христијан Мицковски и штипскиот градоначалник остварија средба со претставници на бизнис заедницата во градот. Мицковски стопанствениците ги окарактеризира како херои на ова време, бидејќи во актуелната бизнис клима која владее во Македонија, тие работат и обезбедуваат егзистениција за граѓаните на Штип, но и од околните општини кои гравитираат кон индустрискиот центар на Истокот.

-Јас секогаш велам, капата долу на тие луѓе, бидејќи тие луѓе се тие кои треба да се почитуваат и да им се помогне онаму каде што согласно законите и процедурите може да се помогне- изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на општината ќе биде формиран Економски совет, тело кое ќе има за задача да ја подобри динамиката на меѓусебната соработка помеѓу бизнис секторот и локалната самоуправа.

-Да ги усогласиме нашите можности и потреби, со потребите на бизнис секторот, се со цел да допринесеме во развојот на општина Штип, во отворање на нови капациетите, во отворање на нови работни места, практично во она што е наша обврска- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип. 

Мицковски нагласи дека ќе продолжи со посетите низ Македонија, зашто ветеното пред граѓаните на изборите, мора и да се реализира.