Македонија
21. December 2022 - 16:29

Локалните власти обвинуваат дека Владата ги крати правата за избор на директори преку Државниот испитен центар

Скоро една година Државниот испитен центар нема распишано испити за полагање на менаџерски испит, а со тоа централната власт го ускратува уставното право на потенцијалните директори да полагаат за лиценца за менаџери. Ова е уште еден доказ за апсурдноста со која се соочуваат општините, објаснува градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

- Во исто време централната власт преку нивните инструменти и министерства праќаат дописи до мене како градоначалник да доколку не распишам оглас во институциите кои се под локална власт дека надлежностите и ингиренциите ќе ми бидат одземени. Од една страна не дозволуваат да се полагат испити и да се стекне со квалификација, освен поранешните кадри на СДСМ, а во исто време од мене бараат да распишам огласи, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Повеќето од кандидатите за менаџерска лиценца  од Штип стигнале до самиот крај, но Државниот испитен центар им ги поништува положените испити како неважечки.

- И покрај тоа што овие луѓе уплатиле, полагале, со одлука на новиот директор се поништија полагањата и испитите кои ги имат положено потенцијалните кадри за директори. Само да се елиминира потенцијалната конкуренција, на кадрите кои во времето на СДСМ, не навлегувам на каков начин, добиле соодветна лиценца за директори, изјави Јорданов.

Јорданов додава дека со ова гроливо прашање се соочени сите градоначалници, меѓутоа веќе една година никој не изнаоѓа решение.