-->
-->
Лондонската Метрополитен полиција обвини 67 лица за поддршка на забранетата група Палестинска акција
-->
Лондонската Метрополитен полиција синоќа објави дека покренала обвинение против 67 лица за поддршка на забранетата група Палестинска акција.
Обвинетите ќе се појават на суд во октомври и доколку бидат прогласени за виновни и осудени ќе се соочат со максимална казна од шест месеци затвор, соопшти полицијата.
Британската влада во јули ја забрани Палестинска акција како терористичка група, по вандализмот во базата на Кралските воздухопловни сили.
Повеќе од 700 лица се уапсени, главно на протести, откако групата беше забранета според Законот за тероризам од 2000 година.
Полицијата соопшти дека 64 лица се обвинети во врска со двата протеста во текот на минатиот месец во центарот на Лондон, а уште три лица се обвинети овој месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Барање за нов мандат
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС