Лукман потпиша за Атлетико Мадрид

Досегашниот фудбалер на калчолигашот Аталанта, Адемола Лукман, е нов напаѓач на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, објави денеска италијанскиот клуб.
Лукман го напушти клубот од Бергамо по три и пол сезони, во кои кои одигра 137 натпревари и со Аталанта го освои трофејот во Лига Европа, во сезоната 2023/2024. Лукман во финалето против Баер Леверкузен (3-0) ги постигна сите три голови.
Италијанскиот клуб не ги објави финансиските детали од договорот, а британските медиуми објавија дека трансферот на 28-годишниот нигериски репрезентативец вреди 35 милиони евра.
Лукман е роден во Англија и кариерата ја почна во лондонски Чарлтон, по што настапуваше за Евертон, Лајпциг, Фулам и Лестер.
Во младинските категории го носеше дресот на Англија, а дебитираше за сениорската репрезентација на Нигерија во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
