Лукровски: Карпош е заробен од приватни интереси кои зелените површини ги претворија во градилиште и спремаат нова бетонизација

Во последниве денови слушаме смешни обиди за манипулација, истите луѓе кои ја водат Општина Карпош со години, сега се обидуваат да ме прикажат како дел од некакви матни приказни. Јас не ја водам Oпштината, тие ја водат. И токму таму лежи проблемот. Денес Карпош е заробен од истите интереси што ја претворија секоја зелена површина во градилиште, што ги исполнија улиците со прашина, а буџетот со сомнежи, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од изјавата на кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски, што МИА го пренесува интегрално.
Тие што денес глумат борци за морал се истите што потпишаа десетици спорни и нелегални ДУП-ови, со кои се уништи ликот на општината.
Тие се луѓето кои дозволија кај булеварот 8 Септември да никне облакодер на спорна локација.
Под нивно водство се планираат да никне огромно бетонско чудовиште кај Алумина, да никнат уште пет згради на Прашка, се планира проширување на Настел во ново издание, се турка трговски центар пред зградата на Горење и City Mall, а и нова зграда пред СЦ „Борис Трајковски“.
И тоа е само дел од еден куп ДУП-ови се донесени „под маса“, зад грбот на граѓаните, со сериозни закани за квалитетот на живеење во Карпош.
И сето тоа се случува додека истите луѓе измислуваат приказни за „Скопје на вода“ или „Карпош на вода“ кои се тешки глупости без ниту еден аргумент, измислици создадени само за да се плука и манипулира.
Нема програма, нема визија, само очајнички обиди да се одвлече вниманието од вистински проблеми и сопствените дела или не дела.
Карпош не сака повеќе празни зборови и лажни обвинувања, сака нова политика.
Политика со јасна програма, каде што секој денар на граѓаните ќе биде видлив и оправдан.
Јас нудам план за транспарентна и модерна општина, за чист воздух, за уреден урбан развој и крај на партиските тендери.
И тоа не е ветување, тоа е обврска.
Доста беше од луѓе што со години ја држат општината во раце и мислат дека сите ќе заборават што направиле.
Карпош не е нивна приватна фирма, Карпош е на граѓаните, и така и ќе биде за многу кратко кога јас ќе бидам градоначалник.
МИА
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
