Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки

Загадувањето, дивите депонии и недоличното однесување на одредени жители се дел од главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во скопската населба Злокуќани.
За овие проблеми вчера се разговарало на средба меѓу жителите и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, на која присуствувале и претставници на општинската инспекциска служба, Полициската станица Карпош и советници од Советот на Општината.

Како што информираат од Општина Карпош, жителите отворено ги посочиле проблемите со кои секојдневно се соочуваат, нагласувајќи дека загадувањето, создавањето диви депонии и неприфатливото однесување на одредена група жители го отежнуваат нормалното функционирање во населбата.

Претставниците на инспекциските служби ги евидентирале клучните проблеми со цел да се утврдат можностите за нивно решавање.
Градоначалникот Лукровски најавил дека наскоро ќе биде организирана нова средба со жителите, на која ќе се разговара за конкретни мерки и решенија за подобрување на условите за живот во Злокуќани.






Ново на Сител
-

Најмладиот милионер во државата има 4 години, највисоката месечна плата изнесува 189.000 евра
-

Министерството за јавна администрација со нова рамка за организација на работата на органите на државната управа
-

Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
