Луксембург најави признавање на палестинска држава
Луксембург има намера да ја признае државата Палестина, изјавија премиерот Лук Фриден и министерот за надворешни работи Ксавиер Бетел пред парламентарниот одбор.
Според локалните медиуми, конечната одлука за признавање се очекува да биде донесена подоцна овој месец на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во координација со неколку други земји, вклучувајќи ги Франција и Белгија, објавува Политико.
Објавата вчера доаѓа по месеци двоумење од страна на владата на Луксембург и во услови на растечки повици од европските лидери за прекин на војната на Израел во Газа, која започна откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година.
Минатата недела, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, објави дека извршната власт на ЕУ ќе заземе построг став кон Израел во врска со војната, суспендирајќи ги исплатите кон земјата и санкционирајќи ги она што таа ги нарече „екстремистички министри“ и насилни доселеници.
Генералното собрание на ОН во петокот гласаше за усвојување декларација што содржи „опипливи, временски ограничени и неповратни чекори“ кон решение за две држави во регионот, пред состанокот на телото на 22 септември, според порталот од Брисел.
Ново на Сител
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух
-
Четири училишта под клуч поради пожарот во Трубарeво – учениците почнаа со онлајн настава
-
Отсуството на Арсовска и службите ја прекинаа седницата на Град Скопје
-
Филипче бара оставки и итни анализи на воздухот, водата и почвата во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги објавија кандидатите за советници на метрополата
-
Од 1 декември полесно до прв стан на кредит
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на донации