Loading Video...
Свет
5. January 2026 - 12:10

Мадуро денеска пред федералниот суд на Менхетен ќе ги слушне обвиненијата за наркотероризам

Венецуелскиот лидер Николас Мадуро е во притворен центар во Њујорк, чекајќи судско сослушување денеска по обвинение за дрога.

Тој беше обвинет во 2020 година по обвиненија од САД, вклучително и заговор за нарко-тероризам. Тој отсекогаш негираше каква било криминална вмешаност.

Привремената влада во Венецуела е отворена за соработка со САД.

„Ја покануваме американската Влада да соработува со нас врз агендата за соработка ориентирана кон заеднички развој во рамките на меѓународното право за зајакнување на трајниот соживот во заедницата“, изјави вчера Делси Родригез, привремена претседателка на Венецуела, во објава на Инстаграм. Кај дел од граѓаните на Венецуела има и незадоволство, дел од  демонстрантите ја опишаа операцијата за отстранување на Мадуро како кршење на безбедноста и суверенитетот на Венецуела, тие имаат и барање за негово враќање во државата. На граничните премини со Колумбија, колумбиските воени и полициски сили се со зголемена готовност, а Црвениот крст на Колумбија е подготвен за евентуален прилив на мигранти од Венецуела. 

Советот за безбедност на ОН планира да се состане денеска за да разговара за нападот на САД, кој генералниот секретар Антонио Гутереш го опиша како опасен преседан. Русија и Кина, главните поддржувачи на Венецуела, ги критикуваа САД.