Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Како што информира АМСМ, сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
-Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Оттаму покрај внимателно и совесно управување со возилата препорачуваат задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци. Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
МИА
Ново на Сител
-

Светските лидери се среќаваат во Давос - геополитиката ја засени економијата
-

Анел Фидоски е нов шеф на скопското Обвинителсво
-

Премиерот Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос
-

Дебата за надзорната функција на Собранието
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
