ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната

Мисијата на ОН за мониторинг на човековите права во Украина (HRMMU) заклучи дека бројот на убиени и повредени цивили во оваа земја во мај бил поголем отколку во кој било друг месец во последните четири години.
HRMMU потврди дека најмалку 274 цивили биле убиени, а 1.763 повредени во мај во Украина како резултат на насилство поврзано со конфликтот.
„Интензивирањето на непријателствата и зголемената употреба на моќно оружје во урбаните средини резултираа со голем број смртни случаи и повреди на цивили низ целата земја“, изјави шефот на HRMMU, Даниел Бел.
Во претходните години, бројот на жртви постојано се зголемуваше месец по месец во текот на пролетта и летото.
Бројот на регистрирани жртви досега во 2026 година го следеше истиот тренд, но на значително повисоко ниво отколку во претходните години, наведе мисијата.
Причината е што употребата на моќно оружје од страна на Русија во урбаните средини беше главната причина за големиот број жртви во мај.
Ракетните и бомбашките напади во урбаните средини во повеќе наврати убиле и ранеле десетици цивили, додаде мисијата на ОН, наведувајќи го како примери нападот од 5 мај во Запорожје, во кој загинаа 12 цивили, а 42 беа повредени, и ракетниот напад во Киев од 14 мај, во кој загинаа 24 цивили, а најмалку седум беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот
-

Четворица возачи лишени од слобода во Тетово, двајца возеле со речиси два промили алкохол
-

Кошаркарките на Вардар и по шестото коло со максимален ефект
-

По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови
-

Јанчев: Се работи со полн капацитет, снегот се отстранува и се одржува проодноста на патиштата
-

Шпанија денеска избира нова власт
-

Град Скопје превентивно ги третира сообраќајниците пред најавениот снег, зимската служба ќе биде на терен цела ноќ
-

Прва машка трка посветена на машкото здравје во Скопје
