Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

Корисниците од Македонија во текот на 2025 година потрошиле околу 1,4 милиони евра на популарната интернет-платформа OnlyFans, покажуваат податоците од истражувањето на аналитичкиот сервис JuicySearch, објавени од „Блумберг Адрија“.
Според истражувањето, потрошувачката на македонските корисници се проценува на околу 1,6 милиони долари, односно приближно 1,4 милиони евра. Анализата го опфаќа периодот од декември 2024 до ноември 2025 година.
Во споредба со земјите од регионот, најмногу пари на OnlyFans потрошиле корисниците од Хрватска, околу 10 милиони евра, по што следуваат Словенија со 8,9 милиони и Србија со 7,7 милиони евра.
Во Босна и Херцеговина потрошувачката се проценува на 2,3 милиони евра, додека во Црна Гора изнесува околу 600.000 евра.
OnlyFans е интернет-платформа на која корисниците плаќаат месечни претплати или дополнителни износи за пристап до содржини објавени од авторите. Иако платформата поддржува различни видови содржини, најпозната е по материјалите наменети за возрасни.
Од JuicySearch нагласуваат дека објавените суми претставуваат аналитички проценки, изработени врз основа на глобалните финансиски податоци и интернет-пребарувањата, а не официјални податоци за реалните трансакции на корисниците од секоја земја.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
