Македонија
28. February 2017 - 16:50
Македонците ширум светот го креваат гласот за зачувување на државата
Македонците ширум светот го креваат гласот за зачувување на државата. Нови писма со повици за одбрана на татковината пристигаат од Австралија, но и од здруженијата ширум светот.
Писмо до лидерот на СДСМ Зоран Заев испратија од македонската заедница од Нов Јужен Велс порачувајки му дека ја загубил почитта како кон Македонец, потсетувајки го дека во безброј наврати се откажал од нив.
- Неможеме да ги сватиме вашите постапки, неможеме да ги прифатиме вашите приказни кои бесмислено ни ги пласирате бидејки за разлика од вас, во нас врие чиста македонска крв. И вас можеби ова ќе ви е комично, можеби и ќе се подбивате со нас како што тоа редовно го правите, но за разлика од вас ниe сме родољуби, луѓе кои со целото срце ја сакаат својата земја. Сакате да бидете Премиер на Македонија, но која и каква Македонија ќе претставувате и дали воопшто да ја претставувате нашата земја?
Излезет од маѓепсаниот круг на вашите полтрони и ,,добронамерници‘‘ и погледајте еднаш со свои очи и со своето срце ако воопшто го имате. Македонија е нашата светост, нашиот идеал и иднина. Немаме друга земја, немаме друга татковина, немојте да дозволите вие да сте човекот кој ѓе остане запишан како личноста која ги оставила Македонците без корен, без татковина, пишува во дел од писмото на македонците од Нов Јужен Велс.
Писмо до политичките партии испратија и од Обединетите Македонски Организации на Западна Австралија.
- Бараме политичките партии во Република Македонија да сносат одговорност за прифакање платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија, сите овие голготи кој ги поминува Македонскиот народ се само почеток на сите овие случувања, а денешниве случувања се нај вероватно завршница на сите нивни планови кој се под диригентската палка на разно разни странски служби кој и тоа како роварат низ Македонија а се помогнати од домашните предавници, нивната цел е да се стави Македонија на колена, да и се стави нож под грло и да прифати прекрстување, прекројување на нејзините граници и понижување, се вели во дел од писмото. Тие апелираат и до претседателот Иванов да не го доделува мандатот за фомирање влада на СДСМ, зошто според нив Заев би го продал и најмилото и највредното за да дојде на власт.
Писмо со апел повтиорно испратија и од друштвото Григор Прличев од Австралија. Гласот го креваат и Македонците од Србија.
- Ние Македонците од Србија сакаме да пратиме порака дека се залагаме за мирна, стабилна и просперитетна Македонија во која ќе владеат добри меѓуетнички односи но истовремено се залагаме за унитарна, независна и слободна Македонија на сите нејзини граѓани Македонци, Албанци, Срби, Власи, Турци, Роми и Бошњаци и на сите други како рамноправни граѓани, се вели во соопштението од Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
