Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење злато вредно околу 4,5 милиони денари, при контрола на автобус кој сообраќал на релација Гостивар–Истанбул.
При излез од државата, автобусот бил издвоен за детална контрола поради основани сомневања. При претрес на патник, македонски државјанин, во неговиот чевел била пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија.

Според Царинската управа, плочката била претходно чувана во сакото на патникот, но непосредно пред контролата била сокриена во обувката со цел да се избегне откривање.
Против лицето е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“ до надлежното Основно јавно обвинителство во Гевгелија.

Од Царинската управа информираат дека продолжуваат со засилени активности за спречување на нелегална трговија и криумчарење, со цел заштита на државните економски интереси.
Ново на Сител
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
-

„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
-

Променливо облачно со локален дожд, од понеделник пораст на температурите
-

Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати
