Македонец во Белград запалил пицерија поради отказ и им праќал видео на газдите

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Вождовац го уапсиле државјанинот на Северна Македонија, С. Г. (46), под сомнение дека запалил угостителски објект каде што работел од одмазда, а потоа ги заплашил своите поранешни работодавци со бизарни видеа, дознава „Telegraf.rs“.
Во белградската населба Вождовац, на 10 февруари се случил инцидент кој само со чиста среќа и смиреност на вработените се извлекол без човечки жртви.
По брза оперативна акција, полицијата го уапсила С. Г., кој е обвинет за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста.
Тој им испратил снимки од пожарот на сопствениците
Според неофицијални информации од истрагата, мотивот за овој радикален чин бил неодамнешното отпуштање на осомничениот од гореспоменатата пицерија. Навреден од одлуката на менаџментот, С. Г., вооружен со шише бензин, дошол во објектот, ја истурил течноста низ целиот ентериер и го запалил.
Сепак, она што особено ги шокирало истражителите било однесувањето на осомничениот по избувнувањето на пламенот. Наместо само да избега, тој го користел својот мобилен телефон за да го сними и фотографира запалениот објект, а потоа ги испратил снимките директно до сопствениците на објектот, што правно се квалификува како директна закана за безбедноста.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата во пораст поради заканите на Трамп кон Иран
-

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители
-

Почнува Страдалната – Страсната – Велика седмица
-

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив
-

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот
-

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина
-

Сончево и топло до 25 степени
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
