Македонија
16. November 2021 - 16:53

Македонија целосно воено интегрирана во НАТО

Армијата е целосно интегрирана во НАТО, државата ја потпиша заедничката декларација со Алијансата. Ова е потврда дека Македонија е подготвена и способна да ја прилагоди својата одбранбена структура. На церемонијата која се одржа во Вила Водно со сите воени почести беше пречекан генералот Филип Лавињ Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација. Крајот на интеграцискиот процес генерал Лавињ го оцени како огромен успех не само за земјава туку и за НАТО Алијансата.

По само година и пол државата постигна значајни резултати и го потврди кредибилитетот истакна Пендаровски но тоа  не значи крај на реформскиот процес. Претседателот најави модернизирање на воениот полигон Криволак.

Генералот Лавињ имаше засебни средби со министерката за одбрана и со претседателот на државата. На церемонијата не присуствуваше премиерот Заев кој претходно оствари средба со командантот на врховната сојузничка команда на НАТО во владиниот кабинет. Од прес службата информираа дека на средбата разговарале за придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО како придонесот за стабилноста во регионот кој гарантира инвестиции во државата, но и за придонесот на Северна Македонија во мисиите на НАТО.